Победа одигра само 2:2 со Колерајн, продолжува проклетството на нашите младински екипи! (ФОТОГАЛЕРИЈА)

318

Штета, Победа – Колерајн само 2:2. Тоа е епилогот на возвратниот меч од 1.коло во УЕФА младинската лига. Штета, и навистина штета. Победа имаша шанса, водеше попладнево на ФФМ со 1:0 со голот на Тошески уште во 6.минута, но место втор гол во голот на гостите од С. Ирска, два гола во мрежата на прилепчани, првбо Кели во 82.минута за да потоа и Мофат во 87. дојдоа до водство. Во 90.минута Тодороски од пенал израмни на 2:2. Па така со вкупни 4:5 тимот на Колерајн оди натаму. Да се потсетиме дека и на првиот меч Победа водеше со 2:1 па загуби со 2:3.

Значи продолжува проклетството на нашите младински екипи во УЕФА младиската лига. Ова беше десетти меч и трето реми со седум порази, без ниту една победа.

Претходно играа Вардар и Шкендија.

Победа настапи со следниот состав: Мариноски, Ѓорчески (Миланоски), Аризанкоски, Кофилоски (Петејчук), Поп Антоски, Јакоптревски (Нанчески), Кочоски, Крстески (Варошаноски), Тошески, Дебрешлиоски, Тодороски.

 

No description available.

No description available.

No description available.

No description available.

Претходно1/8 финале Куп: Струга ТЛ со пресврт го доби Работнички, Шкендија, А.Пандев, Шкупи и Вардар лесно до четвртфинале!
Следно1/8 финале Куп: Голеада под Шара, и на Чаир и во Струмица, фаворитите одат натаму! (ВИДЕО)