Младиот македонски ракометен тренер Раде Стојановиќ ќе го има првиот интернационален тренерски ангажман и ќе биде тренер на Катар Спорт Клуб. Тој претходно работеше со кадетската репрезентација освојувајќи го ЕХФ шампионатот во Рига, па доби шанса да работи надвор од Македонија.