Во 2002 година за ГН награда на Австрија се случи веројатно најголемиот скандал во светот на Ф1. Рубенс Барикело беше пред својот совозач од Ферари, Михаел Шумахерм потоа доби наредба од боксот дека мора по секоја цена да го пушти Германецот.
Бразилецот тоа и го направи, па така Шуми победи на таа трка и не му пречеше да се радува.
Тоа сите го знаеја, но немаа докази дека навистина така и било.
Па така деновиве по цели 20 години се огласи и самиот Барикело.
„Да, така беше. Морав да го пуштам да ме помине, тоа беше клупска наредба. Јас ја испочитував таа наредба, а по трката кога излегов од болидот бев многу гневен. И верувајте дека отидов да повраќам, ете така се чувствував“ потврди самиот Бразилец.
Токму по оваа трка, по оваа наредба на Жан Тод до Барикело, ФИА го воведе правилото дека секоја комуникација меѓу боксот и возачот мора да биде јавна, сите да ја слушнат.
Но, бадијала, тогаш Шумахер во одредени моменти имаше и тоа каква помош, незаслужено, барем во таа сезона или во таа трка.
Но на Германецот воопшто не му беше грижа.
А Барикело од гнев повраќал.