Симеоне: „Нема да фрламе пешкир и да се предадеме“

80

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, изненадувачки позитивно реагираше на поразот од Клуб Бриж со 2:0 синоќа во рамките од Лигата на шампионите. Неговиот тим по првите три кола има само три бода и реалноста е дека ќе треба да се бори за второто место во конечниот пласман со Порто и Баер . Сепак, тренерот најпрвин ги пофали своите играчи за нивниот настап, а потоа изјави дека нема намера да се откаже или, боксерски кажано, „нема намера да фрли пешкир“.

„Одигравме добар натпревар. Ги контролиравме настаните во првото полувреме и имавме свои шанси. Ни недостигаше малку сила во завршницата. А на крајот решавачка улога имаше и противничкиот голман. Сепак, има уште многу да се игра и остануваме позитивни бидејќи има за што да се бориме“, изјави Симеоне па додаде.

„Вечерва беше многу силниот тим на Бриж против нас, не го очекувавме тоа. Одигравме силно прво полувреме, но ни недостасуваше малку прецизност и веројатно самодоверба пред голот. Промашениот пенал можеше да го промени целиот натпревар. Но, нема да фрламе пешкир. Има уште три натпревари за да се поправи ова“, рече Аргентинецот.

ПретходноКлоп: Е ова е тоа што ни требаше
СледноЛШ: Динамо без Ристовски во Салцбург, Челзи против Милан ја бара првата победа