Тимот на Наполи синоќа ја имаше веројатно најголемата победа во Лигата на Шампионите во својата историја. Среде Амстердам го совлада Ајакс до 1:6 во маестрална партија. Се им појде од рака на избраниците на Лучијано Спалети синоќа, а нашиот Елиф Елмас одигра половина час. Искусниот стратег смета дека ова е убав триумф но не дека на него треба да му се придаде и преголемо значење отколку што е потребно.
„Секако дека се радувам, затоа што ова е голем, огромен триумф против тим кој игра одчичен фудбал. Ајакс е добар тим. Ние одигравме супер. Имаме темпо, создадовме шанси, ги искористивме. Влеговме во овој дуел со добар ритам, со добра атмосфера, затоа што победивме минатиот викенд во Серија А. Сега следниот играме против Кремонезе и мора веднаш да се сконцентрираме на тој дуел. Нема опуштање затоа што бодовите се важни и во Лигата на Шампионите но и во Серија А“ – изјави Спалети.