Јадранка Темелкова обезбеди бронзен медал на СП во кик бокс кое се одржува во Лидо ди Јесоло во Италија. Македонската репрезентативка ја победи Николе Булјан од Хрватска со 3:0 со што го обезбеди првиот медал на СП. За влез во финалето, Темелкова утре ќе се бори против Канита Муминовиќ од БиХ.
„Темелкова е голема надеж. Таа многу ветува во кик боксот. Се бори смирено, паметно. Таа е пример за сите наши борци како се слуша тренер за време на борба од агол, кога и довикува што да изработи“ задоволно изјави селекторот на нашата кик бокс репрезентација Дејан Митровски – Урко.