Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид, Баерн Минхен и Ливерпул, Чаби Алонсо може да го преземе кормилото на бундеслигашот Баер Леверкузен, пренесува „Скај Спортс“. Клубот од Леверкузен бара нов тренер после лошата форма на тимот кои придонесоа и серија на лоши резултати меѓу кои и поразот од Порто со 0:2 во ЛШ. Со тоа екипата веќе има 8 порази од 12 меча во сите натпреварувања, па раководството е во потрага по потенцијални наследници на актуелниот тренер Херардо Соане.
Раководството го поканило Томас Тухел, но тој експресно ги одбил, па сега се завртело кон Алонсо кој беше тренер на вториот тим на Сосиедад во последните три сезони во Сегунда Б и напушти во мај.
Во летото 2021 година Борусија Менхенгладбах сакаше да го ангажира но тој не одлучи да седне на клупата на „ждребињата“.