Синоќа се одржа уште едно коло од тековната Лига на Шампиони во кое тимот на Интер со минимални 1:0 на домашен терен ја совлада Барселона. Добар меч, интензивен во кој двата тима имаа свои моменти. Хакан Чалханоглу искористи еден за домаќин со удар од далечина реализираше и донесе триумф. На другата страна Барселона имаше свои шанси не ги искористи. Покрај нив, имаше уште неколку ситуации во домашниот шеснаесетник за кои гостите сметаа дека се пенал, но не и судијата од Словенија, Славко Винчиќ кој неколкупати користеше ВАР.
Тренерот на гостите, Чави, сериозен светски фудбалски авторитет во еден момент толку се „исклучи“ што со гестикулација на раката покажа кон судијата дека е потплатен односно дека земал мито.
Ова секако дека не доликува на гест достоен за меч од Лигата на Шампионите, ниту пак на човек кој има трофеј од истата додека настапуваше за Барселона.
„Викнете го судијата да објасни зошто донесе таква одлука. Не можам јас да го сторам тоа“ – изјави Чави по мечот.