1/8 финале Куп: Голеада под Шара, и на Чаир и во Струмица, фаворитите одат натаму! (ВИДЕО)

497

Познати се седум екипи кои се пласираа во четвртфиналето во Купот на Македонија. Попладнево се одиграа седум меча, осмиот меѓу Победа и Македонија е закажан за 19.10.2022.

Струга ТЛ со пресврт го победи Равботнички. Во Струга беше најнинтересно. Во Струмица тимот на А. Пандев броеше до 9 против Љуботен. Шкендија си поигруваше со Скопје, Шаља, Стојановски, Дориев и браќата Решат и Флорент Рамадани стрелаа за победа од 5:0. Шкупи лесно мина со Воска, триумф од 6:0. Два гола на Адетунџи, два на Насими, по еден на Алварез и Хамиди.

Вардар со 4:0 ја победи Фортуна, со головите на Жоглев два, а по еден на Христов и Цветков.

Брегалница со многу мака го мина Пелистер и тоа со голот на Ѓорѓиев, додека Силекс со голот на Ристовски успеа да го победи Тиквеш среде Кавадарци.

РЕЗУЛТАТИ – 1/8 ФИНАЛЕ ВО КУПОТ

А.ПАНДЕВ – Љуботен 9:0

БРЕГАЛНИЦА – Пелистер 1:0

ШКЕНДИЈА – Скопје 5:0

ШКУПИ – Воска 6:0

СТРУГА ТЛ – Работнички 2:1

Тиквеш – СИЛЕКС 0:1

ВАРДАР – Фортуна 4:0

*Со големи букви се екипи кои одат натаму

19.10.2022:

ПОБЕДА – МАКЕДОНИЈА ЃП (14 Ч)

ПретходноПобеда одигра само 2:2 со Колерајн, продолжува проклетството на нашите младински екипи! (ФОТОГАЛЕРИЈА)
СледноМајсторија: Ѓорѓиев со ГОЛЧИШТЕ ја однесе Брегалница во 1/4 финалето! (ВИДЕО)