Зајон Вилиамсон заигра по 505 дена

445

По огромна пауза од 505 дена, синоќа за својот тим Њу Орлеанс Пеликанс заигра првиот пик на драфтот во 2019 година Зајон Вилиамсон. Најавен како следниот број еден играч во НБА лигата, кариерата на Вилиамсон досега е масакрирана од повреди, па тој има одиграно досега само 85 меча. Синоќа заигра десетина минути на подготвителниот дуел против Чикаго, и му помогна со 13 поени на двојот тим да дојде до триумф од 129:125.

Ова за Вилиамсон секако дека е голем чекор напред во обидот да се врати на вистинската патека, која што требаше уште одамна да го сврсти во најдобрите топ пет играчи на светот.

ПретходноСпалети: Ова е убав триумф против Ајакс, но веќе в недела играме со Кремонезе
СледноЕ.Пелистер во вториот шешир за групната фаза од ЕХФ Лига Европа