ЛШ: Динамо без Ристовски во Салцбург, Челзи против Милан ја бара првата победа

98

Вечерва продолжуваат возбудувањата во Лигата на шампионите, а на програмата се нови осум натпревари. Динамо Загреб го победи Челзи во 1. Коло, но потоа изгуби на гостувањето кај Милан. Следува гостување во Салцбург, ривал против кого има негативен скор, три порази, едно реми и една победа.

„Модрите“ одат во градот на Моцарт без Стефан Ристовски кој заедно со Менало и Шутало се повредени, додека Адеми ќе биде во стројот. Салцург е во серија на ремија. Има три по ред со идентичен резултат 1:1 (Челзи, Рапид Виена и ЛАСК) но исто така има и многу повредени – Фернандо, Камери, Окох, Омореџи, Тиџани.

А Милан исто така „десеткуван“ оди на „Стемфорд Бриџ“. Италијанскиот првак  во победата над Емполи загуби уште двајца првотимци, па така повредени се капитенот Калабрија, потоа Флоренци, Хернандез, Ибрахимовиќ, Салесмакер, голманот Мањан, а неизвесен е Симон Кјер. Тоа се огромни дефанзивни проблеми за Стефано Пиоли.

Челзи освен Канте ги има сите на располагање и ќе оди на прва победа во групата после поразот од Динамо Загреб и ремито со Салцбург.

НАТПРЕВАРИ ОД 3.КОЛО
РБ ЛАЈПЦИГ – СЕЛТИК 18:45 ч.
САЛЦБУРГ – ДИНАМО ЗАГРЕБ 18:45 ч.
БЕНФИКА – ПСЖ             21:00 ч.
ЧЕЛЗИ – МИЛАН             21:00 ч.
ЈУВЕНТУС – МАКАБИ ХАИФА    21:00 ч.
МАНЧЕСТЕР СИТИ – КОПЕНХАГЕН          21:00 ч.
РЕАЛ МАДРИД – ШАХТЈОР       21:00 ч.
СЕВИЉА – БОРУСИЈА ДОРТМУНД         21:00 ч.

ПретходноСимеоне: „Нема да фрламе пешкир и да се предадеме“
СледноРаде Стојановиќ стана тренер на Катар Спорт Клуб