Вечерва се играат три натпревари од 4.коло во ракометната Лига на Шампиони за мажи. Секако дека за нас најинтересно ќе биде што ќе се случува на мечот во Букурешт, каде нашиот репрезентативен голман Никола Митревски со својот Порто му гостува на Динамо, шампионот на Романија.
Мечот почнува од 18:45 часот а Митревски и Порто ја посакуваат првата победа сезонава. Во изминатите три меча тие доживеаја три порази. Овој натпревар е од групата А во ЛШ.
Во истиот термин, но во меч од групата Б, се среќаваат Целје и Нант, додека во 20:45 часот, во групата А, своите сили ќе ги одмерат ГОГ и Весппрем, гостите засега имаа три од три.