Голем ден за Горјан Цветков, еден од најталентираните фудбалери на Вардар. Имено Цветков кој има само 17 години, денеска го имаше своето деби за првиот тим на нашиот најтрофеен клуб на куп дуелот со Фортуна, во кој неговиот тим победи со 4:0.
Последниот гол во таа 82.минута беше дело токму на Цветков кој покажа дека и тоа како ќе биде голема иднина за Вардар.
Цветков е дете на Вардар, ги има минато сите категории во младинската пкола и секогаш се истакнувал, токму и затоа денеска доби шанса да дебитира за А-тимот и тој таа шанса максимално ја искористи постигнувајќи гол.
ФОТО: ФК Вардар ФБ