Темелкова обезбеди бронза и ќе се бори за финале на СП во кик бокс!

143

Јадранка Темелкова обезбеди бронзен медал на СП во кик бокс кое се одржува во Лидо ди Јесоло во Италија. Македонската репрезентативка ја победи Николе Булјан од Хрватска со 3:0 со што го обезбеди првиот медал на СП. За влез во финалето, Темелкова утре ќе се бори против Канита Муминовиќ од БиХ.

Темелкова е голема надеж. Таа многу ветува во кик боксот. Се бори смирено, паметно. Таа е пример за сите наши борци како се слуша тренер за време на борба од агол, кога и довикува што да изработи“ задоволно изјави селекторот на нашата кик бокс репрезентација Дејан Митровски – Урко.

ПретходноМајсторија: Ѓорѓиев со ГОЛЧИШТЕ ја однесе Брегалница во 1/4 финалето! (ВИДЕО)
СледноТренерот на Ајакс има објаснување за понижувањето против Наполи