КЛ: Скамака за победа на Вест Хем, Балкани триумфално во Турција (ВИДЕО)

134

Вечерва во првиот дел од мечевите од тертото коло во Конференциската лига на УЕФА, во дербито на колто во групата „Б“, Вест Хем го победи Андерлехт на гостински терен со 1:0 . Решавачкиот гол го постигна Скамака на десет минути пред крајот. Лондонскиот клуб по три гола има максимален број бодови, додека Андерлехт остана на второто место со четири бода.

 

Фудбалерите на Силкеборг остварија убедлива победа од 5:0 на домашен терен против екипата на Стеауа. Се беше решено во првите 45 минути кога домашните постигнаа три гола.

Во групата „Д“, Словачко загуби дома од Ница со 1:0. Стрелец на единствениот гол беше Николас Пепе во 54. минута. Молде стигна до првите три бода во својата група по убедливата победа од 3:0 на домашен терен против Шамрок Роверс, а во исклучително богат меч со голови, косовскиот првак Балкани направи изнендување во Турција победувајќи го Сиваспор со 4:3.

 

ПретходноЛЕ: Манчестер Ј. со пресврт до победа, Ц. Звезда „рафално“ против Ференцварош (ВИДЕО)
СледноКуманово премал залак за шампионот