Лео Меси: Мундијалот во Катар ќе ми биде последен во кариерата

117

Аргентинскиот суперстар Лионел Меси потврди дека претстојното Светско првенство во Катар ќе му биде последен во кариерата. 35-годишниот напаѓач на ПСЖ игра во добра форма, се очекува да ја предводи Аргентина до трофејот кој му недостасува во витрините.
Тој успеа со репрезентацијата да стане шампион на Копа Америка 2021, сепак, трофејот од Мундијал се уште го нема допрено.
„Ова ќе биде моето последно Светско првенство – тоа е сигурно. Одлуката е веќе донесена“, изјавил Меси во интерјву со новинарот Поло Вињоло.
Инаку тој со Аргентина играше финале на СП 2014 година, но изгуби од Германија.

ПретходноИнтер остана без напаѓачи, Инзаги го повика Куратоло од младинската екипа
СледноСопственикот на Херта го продава клубот, но бара ненормално висока сума