Напаѓачот Луис Суарез ќе ја продолжи кариерата во Мејџор Сокер Лигата. Поранешниот голгетер на Ливерпул, Барселона и Атлетико Мадрид ќе потпише за Лос Анџелес Галакси, тврди „Мундо Депортиво“.
Според изданието Уругваецот ќе се пресели во американскиот клуб по Светското првенство во Катар.
Инаку договорот на 35 годишниот Суарез со Национал ќе биде валиден до почетокот на Мундијалот, а претходно претседателот на уругвајскиот клуб изјави дека соработката со искусниот фудбалер нема да биде продолжено.
Тој во Галакси ќе игра заедно со ветераните Бејл и Киелини.