Севиља има нов тренер

241

Хорхе Сампаоли го презима да го води тимот на Севиља откако беше отпуштен неговиот претходник, Лопетеги. По поразот во Лигата на Шампионите од Борусија Дортмунд и тоа со 1:4 на домашен терен, управата на клубот мораше да реагира и му се заблагодари на искусниот стратег.

Од друга страна 62. годишниот Сампаоли има огромно искуство во водење на сериозни екипи од типот на Атлетико Минеиро, Олимпик Марсеј, беше и селектор на Аргентина, а ова ќе му биде втор мандат на клупата на тимот од Андалузија. Претходно ја водеше Севиља во сезонаа 2016/17.

 

ПретходноСудии за ВМФЛ: Стојчевски ќе им суди на Детонит Плачковица и Пелистер!
СледноАларм во Денвер: Никола Јокиќ е повреден!