Денеска со два натпревари, во Куманово и Битола, стартува 6.коло во машката ракометна Суперлига. Шампионот Вардар му оди на гости на тимот на Куманово, тука не би требало да има проблеми околу победникот, се освен триумф на вардарци ќе биде екстра сензација.
Овој меч од групата -А во Суперлига започнува од 20 часот.
Во Битола пак, во меч од групата-Б во Суперлигата, попладнево од 17 часот, домашниот тим на Е. Пелистер игра со Тиквеш. И тука битолчани се фаворити.