Евролигата почна со драма: Реал за „влакно“ подобар од ПАО

77

Новата сезона во кошаркарската Евролига почна со исклучително квалитетен дуел во Атина, каде кошаркарите на Реал Мадрид го победија Панатинаикос со резултат 71:68.

Реал водеше во текот на најголемиот дел од натпреварот, но ПАО не се предаде и се држеше до самиот крај. Преку Вилијамс, Грците успеаја да направат пресврт на три минути до крајот, но оттогаш во нападот тотално потфрлија.

Џанан Муса со четири поени им ја врати предноста на гостите, а потоа Љуљ со тројка го донесе Реал на +6 на 46 секунди до крајот.

Валтер Таварес со 14 поени беше најефикасен кај Реал, додека Муса го следеше со 13 поени и три асистенции.

Интересно беше и во Тел Авив, каде домаќинот Макаби се мачеше да ја зачува предноста од 11 поени на почетокот на последната четвртина и на крајот победи против Жалгирис со 84:83. Бонзи Колсон со 16 поени беше најефикасен кај домашните.

Евролига , 1. коло

ПАО – Реал Мадрид 68:71

Асвел-Олимпија Милано 62:69

Макаби – Жалгирис 84:83

Баерн – Фенербахче 62:74

Валенсија – Басконија 71:81

ПретходноРускиот „Џејмс Бонд“ изведе пенал каков што не сте виделе досега (ВИДЕО)
СледноКелце му нанесе втор пораз на Кил, ПСЖ и Барса доминантно (ВИДЕО)