Еурофарм Пелистер го совладата Тиквеш со 30:21 (16:9) во првиот меч од 6. коло во групата Б на Суперлигата. Во битолската сала пред околу 500 гледачи, домашните ракометари немаа проблеми против гостите од Кавадарци.
На полувреме Пелистер имаше висока предност, а во вториот дел само ја одржуваше, па на крајот рутински си ја одработи задачата.
Кај Пелистер најефикасни беа Костески, Ојлески и Стоилевски со по пет гола, а кај Тиквеш најмногу голови дадоа Димовски шест и Дрогиршки четири.