Во дербито на вечерта од 4. коло во ЕХФ Лигата на шампионите, ракометарите на Келце му го нанесоа вториот пораз на германски Кил. Полјаците пред своите фанови славеа со 40:37 во еден од најефиканските дуели одиграни денеска.
Сичко и Алекс Дујшебаев ги предводеа ракометарите на Келце до победа со по 7 постигнати гола, додека кај екипата на Кил, Швеѓанецот Јохансон постигна 9.
Ракометарите на ПСЖ ја забележаа третата победа, откако го совлада Загреб со 40:31. Освен на стартот кога беше израмнето, ПСЖ од минута во минута ја зголемуваше предноста и на полувреме замина со убедлива предност од 22:14.
Во вториот дел Французите настапија со комбиниран тим, па Загреб успеа да се одржи на пристојна негатива. Камил Шипчак со девет гол беше најефикасен кај ПСЖ, додека кај Загреб, Тимур Дибиров имаше четири гола.
Претходно вечерва, европскиот првак Барселона ја забележа четвртата победа во четвртиот натпревар од новата сезона во Лигата на шампионите, доминирајќи на гости кај Елверум со 46-30.
Алборг, пак, им се врати на победите откако дојде до триумф на гостувањето во Унгарија против ПИК Сегед со 41:29. Вредна победа обезбеди и Магдебург кој на домашен терен беше подобар од Висла Плоцк со 33:27.