КЛ: Партизан славеше во Келн, Виљареал и Фиорентина со убедливи победи (ВИДЕО)

79

Белградски Партизан го направи најпријатното изненадување во рамките на 3. коло од групната фаза во Конференциската лига на УЕФА. Белграѓани триумфално се враќаат од Германија, каде го совладаа Келн со 1:0. Одлуката за победникот падна во 9. минута кога Марковиќ стрелаше за 1:0, што се покажа и како конечен резултат на средбата.

Виљареал го растури тимт на Австрија Виена совладувајќи ја со 5:0. Шпанците со максимални 9 бода по три кола се недостижни на врвот во својата група.

Вредна победа вечерва обезбеди и Фиорентина, која со 3:0 славеше во Шкотска против Хартс. Мандрагора, Куаме и Јовиќ беа творци на победата за „виолетовите“.

ПретходноКелце му нанесе втор пораз на Кил, ПСЖ и Барса доминантно (ВИДЕО)
СледноЛЕ: Алиоски подобар од Тричко, Арсенал лесно со Бодо, Бетис ја шокираше Рома (ВИДЕО)