Без поголеми проблеми, ракометарите на Вардар прокнижија уште една победа во домашниот шампионат. Вечерва на гостувањето кај Куманово, „црвено-црните“ славеа со високи 31:18 и ја запишаа шестата победа.
Со променет тим и без голем дел од првотимците, Вардар беше пресилен за новајлијата во суперлигашкото друштво. Чувара со 9 гола го предводеше Вардар до новата победа, додека Мрвовиќ и Постоловски имаа по 6 гола во составот на домашните.