Амар Мехиќ (21) е ново засилување во таборот на кошаркарскиот клуб Куманово. Тој доаѓа од БиХ и е поранешен младински репрезентативец на оваа земја. Инаку последен клуб му беше српски Металац, а има играно и за екипите на Будуќност, Олимпија…
За разлика од минатата сезона, во претстојната, Куманово има поголеми амбици, токму и затоа беше доста активен во преодниот рок во кој се засили со повеќе квалитетни кошаркари.