Аргентинскиот суперстар Лионел Меси потврди дека претстојното Светско првенство во Катар ќе му биде последен во кариерата. 35-годишниот напаѓач на ПСЖ игра во добра форма, се очекува да ја предводи Аргентина до трофејот кој му недостасува во витрините.
Тој успеа со репрезентацијата да стане шампион на Копа Америка 2021, сепак, трофејот од Мундијал се уште го нема допрено.
„Ова ќе биде моето последно Светско првенство – тоа е сигурно. Одлуката е веќе донесена“, изјавил Меси во интерјву со новинарот Поло Вињоло.
Инаку тој со Аргентина играше финале на СП 2014 година, но изгуби од Германија.