ЛЕ: Алиоски подобар од Тричко, Арсенал лесно со Бодо, Бетис ја шокираше Рома (ВИДЕО)

156

Фенербахче и Џани Алиоски дојдоа до голема победа над АЕК Ларнака во 3. коло од групната фаза на Лигата на Европа и го запоседнаа врвот на табелата во групата „Б“. Вечерва во Истанбул, Фенер славеше со 2:0 над кипарскиот тим во чии редови го немаше нашиот искусен екс-рфепрезентативец, Иван Тричковски, кој доби шанса само во последните 10-тина минути од мечот.

Алиоски го почна мечот од првата минута и беше еден од најдобрите на теренот. Головите за победа на турскиот состав беа дело на Батшуаи во 26′ и автогол на Мамас во последните 10 минути од средбата.

Арсенал лесно се справи со Бодо совладувајјќи го со 3:0. Головите за победа на „топчиите“ ги постигнаа Нкетиа, Холдинг и Виера.

Возбудливи 90 минути имаше во Рим, каде минатогодишниот освојувач на Конференциската лига, Рома имаше реми в рака до 88. минута. Иако први поведоа со голот на Дибала, римјаните до крајот не само што не ја сочуваа предноста, дури и загубија со 2:1. Бетис се врати брзо во егал преку Родригез, а во 88. минута Луис Енрике се погрижи за трета радост на Бетис во групата.

ПретходноКЛ: Партизан славеше во Келн, Виљареал и Фиорентина со убедливи победи (ВИДЕО)
СледноХаос на фудбалски натпревар во Аргентина, има и мртви! (ВИДЕО)