Маскота заработува три пати повеќе од најголемата ѕвезда во женската НБА

226

Разликата меѓу платите во машката и женската НБА лига е огромна, а тоа е потврдено со овој податок. „Роки“ е најплатената маскота во НБА лигата и заработува тројно повеќе од најплатената женска кошаркарка Диана Туараси, Џевел Лојд и Бреана Стјуарт.
„Можам да учам од маскотата“, напишала Анџела Мекотри, кошаркарската на Минесота Линкс и пет пати учесничка во „Ол Старот“ во ВНБА.

Таа даде споредба на платите на „Лавот Роки“ од 625.000 долари годишно и 228.094 долари годишно што ги заработува тројната освојувачка на ВНБА лигата и петкратната освојувачка на олимпискиот златен медал Диана Таураси (Феникс Меркури) заедно со Лојд (Сиетл Сторм) и Стјуард (Феникс Меркури).
Осум кошаркарки заработуваат помалку од 10.000 долари годишно.

Како споредба најплатен играч во машката НБА лига е Стеф Кари со нешто помалку од 41.000.000 долари.

 

ПретходноСопственикот на Херта го продава клубот, но бара ненормално висока сума
СледноЕ.Пелистер без големи проблеми го совлада Тиквеш