Лео Меси со синоќешниот гол за ПСЖ во Лисабон против Бенфика, урна нов рекорд. Португалскиот тим е 40-ти клуб во ЛШ против кого Меси постигнува гол.
Откако минатата сезона во дресот на “светците“ беше за заборав, во оваа Лео одново блеска. Синоќа постигна уште еден маестрален гол откако во акцијата учествуваа Мбапе и Нејмар.
Дека тоа некогашните мега – ѕвезди на светскиот фудбал знаат да го ценат, доказ е и реакцијата на легендарниот Паоло Футре. Некогашниот репрезентативец на Португалија, член на Порто, Атлетико Мадрид…, пред мечот се поздрави со Лео и буквално му се поклони. Дури и падна на колена пред Меси. Потоа побара од него да се потпише на дресот на Атлетико Мадрид со неговото име, на крај го прегрна.
Portugese player Paulo Futre ( Atletico Madrid ) greeting Lionel Messi before Benfica game.
Legend 🫂pic.twitter.com/b4bElLUe3g
— SemperFi Messi (@SemperFiMessi) October 5, 2022