Во 1/4 финалната ждрепка во Купот сите ќе го сакаат Вардар за ривал како единствен второлигаш!

707

За разлика од минатите години, во оваа сезона во Купот на Македонија нема изненадувања, никакви. Имено на вчерашните натпревари од 1/8 финалето, фаворитите си победија, аутсајдерите немаа никакви шанси. Јасно е дека допрва Победа и Македонија ЃП (19.10.2022) ќе решаваат за последниот патник во четвртфиналето, но интересно е нешто друго. Во оваа фаза има седум прволигаши – Струга ТЛ, Шкендија, Шкупи, А. Пандев, Силекс, Брегалница, Победа/Македонија ЃП и еден второлигаш, а тоа е Вардар.

Па така во пресрет на четвртфиналната ждрепкат сега сите ќе го посакуваат Вардар како противник во оваа фаза од Купот на Македонија со оглед на тоа дека, во моментов, нашиот најтрофеен клуб е најслаб во оваа конкуренција, барем според рејтингот со оглед на тоа дека е второлигаш.

ПретходноНа колена пред Лео: Големата легенда му се поклони на Меси! (ВИДЕО)
СледноСо дуелот ТФТ – МЗТ Скопје: Денеска стартува 31. сезона во нашата елитна кошаркарска лига!