По катастрофата на свој терен од Борусија Дортмунд синоќа во ЛШ и тоа со 1:4, Севилја го “откачи“ Хулиен Лопетеги. Некогашниот селектор на Шпанија доби отказ по слабите настапи на неговиот тим, а дебаклот од „милионерите“ беше само врв, па затоа челниците на тимот од Андалузија му заблагодарија на Лопетеги на досегашниот ангажман во клубот.
„Информиран сум од страна на клубот дека не сум веќе тренер. Ова беа три историски години за Севилја, трипати игравме во ЛШ. Оваа сезона навистина лошо почнавме и одлуката која клубот ја донесе морам да ја прифатам, па дури и да не ми се допаѓа“ изјави по мечот самиот Лопетеги.
▶️ Gracias, Julen 🏆 pic.twitter.com/x6M3Wxuboe
— Sevilla Fútbol Club (@SevillaFC) October 5, 2022