Официјално: Македонија падна едно место на ФИФА листата!

93

Како што и се најавуваше, по двата порази во Лигата на Нации од Грузија и Бугарија, Македонија падна едно место на ФИФА ранг листата. Па така сега нашата А-репрезентација се наоѓа на 65.место. Ова денеска го објавија официјално од ФИФА.

Што се однесува до врвот на листата, тука нема промени. Бразил и натаму е прв, а потоа следуваат Белгија, Аргентина, Франција, Англија. Во ТОП-10 селекции се и Италија, Шпанија, Холандија, Португалија и Данска. Германците се на 11. место, додека Хрватска е дванаесета светска сила во фудбалот, барем според ранкингот на ФИФА.

ПретходноЕ. Пелистер ги доби ривалите во ЕЛ: Фуксе Берлин, Мотор, Бидасоа, Скандерборг и Агуаш Шанташ!
СледноСудиска анализа: Само една судиска грешка на вчерашните натпревари во Купот!