Манчестер Сити гази а Ерлинг Халанд урива рекорди. Навистина неговата статистика е ненормална, неверојатна. Од стартот на сезоната Норвежанецот на 12 натпревари постигна дури 19 голови, од кои 14 во Премиерлигата и 5 во ЛШ.
Нестварно.
Можеби затоа во Англија, од страна на фановите, се шпекулира дека тоа биле фанови на Јунајтед, покрената е петиција со која се бара Халанд да се исфрли од Премиерлигата со образложение дека тој не бил човек туку РОБОТ.
Засега собрани се неверојатни 400.000 потписи, а бројката со секој час и ден расте.