Она што го прави Ерлинг Халанд во дресот на Манчестер Сити навистина е нешто “монструозно“. Просто ги тероризира противници, им дава голови како од шега. Нешто невидено во буквална смисла на зборот.
Нешто за невеерување. Така беше и синоќа на мечот од Лигата на Шампионите меѓу Сити и Копенхаген на кој Халанд постигна два од петте голови на „граѓаните“.
Пеп Гвардиола, стратегот на Сити ретко кога ги искажува емоциите кога негов играч ќе направи нешто екстра квалитетно, но вчера го прекрши тоа правило.
На видеото се гледа дека и тој во еден момент не верува каков “монструм“ има во тимот.
Вреди да се погледне реакцијата на Пеп.
Guardiola reaction after halland goal 😂#follow pic.twitter.com/ctLboR6Wgq
— Kick (@Kick0fficial) October 5, 2022