„Умирам од рак, најтешко беше да им објаснам на децата, морам да го организирам погребот!“

643

Светот на спортот, посебно на атлетиката е во тага по срцепарателната исповест на големиот шампион во скок со стап Тим Лобингер.

Германецот јавно објави дека ги живее последните недели или денови од својот живот.

Умирам од рак, болеста е премногу агресивна и ми се бројат деновите. Најтешко ми беше да им објаснам на моите деца, тие тоа тешко го примија. Сега морам да го организирам погребот. Од јануари навака дури 150 денови бев во болница. Тоа не е живот. Првпат болеста се појави во 2017 година, мислев дека ја победив, но пред две години се врати и сега е готово“ посочи Лобингер кој двапати беше европскио првак во сала во дисциплината скок со стап.

ПретходноЗаедничко фото со Берлускони: Дали Златан испраќа некаква порака!?
СледноШкупи и Победа под „скенер“ на Дисциплинската комисија