Кошаркарите на МЗТ Скопје А. стартуваа со победа во премиерата на новото кошаркарско првенство. Вечерва во СРЦ „Кале“ во премиерниот меч од 1. коло, шампионот славеше над градскиот ривал ТФТ со 74:60 и на најдобар можен начин ја почна одбраната на титулата.
Кошаркарите на Александар Петровиќ беа подобри во скоро целиот меч и уште во првото полувреме направија разлика од 8 поени со која најавија дека бодовите ќе ги понесат со себе. Првата четвртина им припадна на „Штрковите“ со 19:14, а во втората направија уште +3 за да заминат со конфорна предност на пауза.
Третиот период излезе пресуден за конечната победа. ТФТ не успеа да се врати похрабро, МЗТ Скопје го искористи тоа и направи 20:10 во третиот период со веќе недостижна предност, која на крајот на мечот остана двоцифрена.
Кефи и Крстевски постигнаа по 13 поени во победата на шампионот од Аеродром, додека во домашниот состав триото Андерсон, Стојановски и Ташовски постигнаа по 12.