Интер остана без напаѓачи, Инзаги го повика Куратоло од младинската екипа

295

Проблемите со повредените играчи во Интер стануваат се поголеми, откако и Ромелу Лукаку се повреди и со сигурност ќе го нема во тимот за гостувањето кај Сасуоло претстојниот викенд, пренесува „Газета дело Спорт“. Лукаку има повреда на левиот бутен мускул, а надвор од составот ќе остане и Хоакин Кореа кој го напушти мечот со Барселона во ЛШ поради повреда на левото колено.

Па така тренерот Симоне Инзаги е принуден да повика напаѓач од младинскиот тим, а тоа е Денис Куратоло кој ќе ги одработи тренинзите и веројатно ќе биде во составот како поддршка на првотимците Валентин Карбони, Лаутаро Мартинес и Един Џеко.

ПретходноАларм во Денвер: Никола Јокиќ е повреден!
СледноЛео Меси: Мундијалот во Катар ќе ми биде последен во кариерата