ЛЕ: Манчестер Ј. со пресврт до победа, Ц. Звезда „рафално“ против Ференцварош (ВИДЕО)

146

Црвена звезда одигра одличен меч и ја обезбеди првата победа во Лигата на Европа. Во третото коло „црвено-белите“ го совлада унгарски Ференцварош со 4:1. Еден од четирите гола кои ги постигна српскиот шампион беше вистинско ремек-дело, оној на Канга за 4:0 беше еден и од најубавите оваа вечер во Европа.

 

Вечерва на Кипар, Манчестер Јунајтед ја совлада Омонија со 3:2 со што и ја оправдаа улогата на фаворити. Јунајтед ги пропушти шансите во првото полувреме, а казната стигна во 34. минута кога грешката на Фред ја искористи Ансарифард и погоди за 1:0.

Влегувањето на Рашфорд во вториот дел беше вистинска одлука на Тен Хаг. Тој погоди во 53. минута за 1:1, а десет минути подоцна му асистираше на Ентони Марсијал за 2:1. Рашфорд го постигна вториот гол во 84. минута за 3:1, но Омонија не се предаде и постигна гол во следниот напад за конечни 3:2.

Барди и Трабзон беа поразени кај Монако со 3:1. Нашиот репрезентативец остана на теренот до 82. Минута кога беше заменет, но не успеа да му помогне на Трабзон да го избегне вториот пораз.

 

ПретходноШампионот тргна со победа: ТФТ немаше сили за изненадување
СледноКЛ: Скамака за победа на Вест Хем, Балкани триумфално во Турција (ВИДЕО)