Дејан Станковиќ е промовиран денеска како нов тренер на калчолигашот Сампдорија. Она што се најавуваше неколку дена и она што на многумина им изгледаше како неостварливо, тимот од Серија А денеска го потврди.
Станковиќ го презима клубот кој сезонава има доста лоши резултати и мораше да направи промени.
Тој е легенда на италијанскиот фудбал, со години беше дел најпрво од Лацио, а потоа и од екипата на Интер. Ја водеше Црвена Звезда до летово кога не успеа да обезбеди пласман во групната фаза од Лигата на Шампионите па си замина од Рајко Митиќ.