Шкупи и Победа под „скенер“ на Дисциплинската комисија

630

Спортмедиа дознава дека Дисциплинската комисија при ФФМ добила пријави во врска со мечевите Шкупи – Силекс односно Победа – Шкендија, кои се играа во рамките од последното коло во ПМФЛ шампионатот.

Поточно, домаќините на овие мечеви, Шкупи и Победа поради присуство на неслужбени лица на места каде што мора да присуствуваат единствени оние кои се дел од клубот, поточно службени лица.

На овие два меча по завршувањето на регуларниот дел имаше проблеми од безбедносен карактер и сега Дисциплинската комисија ќе одлучува околу евентуалните казни или суспензии на терен, во зависност од тоа колкава штета ќе биде утврдена.

 

Претходно„Умирам од рак, најтешко беше да им објаснам на децата, морам да го организирам погребот!“
СледноСтанковиќ и официјално е нов тренер на Сампдорија