Европскиот шампион почна со победа: Анадолу Ефес во последната четвртина ја „реши“ Ц. Звезда

86

Кошаркарите на Црвена Звезда загубија од актиелниот европски шампион Анадолу Ефес на гости со 72:59 во првото коло од Евролигата. Во еден од најатрактивните дуели вечерва, белградските „црвено-бели“ добро се држеа против фаворитот, кој во последната четвртина успеа да направи разлика со која на крајот дојде и до убедлив триумф.

Ц. Звезда одигра триесет минути одлична кошарка, беше рамноправна, но во последниот дел имаше неколку лоши минути кога домаќинот успеа да создаде недостижна предност.

Клајбурн со 19 поени беше најдобар поединец на мечот и во дресот на Анадолу Ефес, а добра партија кај домашните одиграа и Мициќ со 16 и Боабо со 10 поени.

Кај Црвена Звезда, Бентли заврши со 13 поени.

ПретходноРадовиш ги „испоти“ младите Пелистерци, но немаше сили за изненадување
СледноНов пех за Португалија: И Педро Нето не може на СП во Катар