Лео Меси кажа и дефинитивно дека претстојното СП во Катар за него ќе биде последно. Повеќе од јасно е дека ова ќе биде негова последна шанса да дојде до титулата, уште пехарот за светски првак му остана па така да ја заокружи својата блескава кариера.
Во интервјуто за ЕСПН на прашањето каде се гледа себе си откако ќе замине во пензија, тој одговори:
„Не сакам да бидам тренер, не размислувам за таа опција. Сепак и Зидан тоа го кажа па потоа, не само што стана тренер туку трипати ја освои ЛШ. Повеќе сакам да бидам во спортскиот менаџментот, да го градам тимот, да му помагам на тренерот, но се уште не сум одлучил што ќе работам кога ќе престанам да играм фудбал“ посочи Меси.