Повредата на Фофана не е сериозна, се враќа за неколку недели

62

Повредата на коленото на дефанзивецот на Челзи, Весли Фофана не е толку сериозна како што првично се претпоставуваше и Французинот би можел да се врати на терените за неколку недели, изјави менаџерот Греам Потер.

Фофана, кој пристигна од Лестер Сити во договор од 75 милиони фунти на крајот на август, го постигна својот првгол за Челзи во победата од 3-0 над Милан во средата во Лигата на шампионите, но се повреди набргу откако постигна гол.

“Повредата на коленото на Весли не е толку лоша како што мислевме, така што тоа е добро. Мислам дека ќе поминат неколку недели пред да се опорави. Тој може да биде добро за Светското првенство, тоа зависи од рехабилитацијата”, изјави Потер за новинарите пред саботниот натпревар.

ПретходноЊукасл има подготвено јануарска понуда за Депај која не се одбива
СледноЖРК Ѓорче Петров испушти победа на Исланд