ФК Победа: Благодарност до ФФМ за соработката

513

Екипата на ФК Победа која беше дел од меѓународната фудбалска сцена сезонава со својот младински тим изрази јавна благодарност до Фудбалската Федерација на Македонија. Истата излезе во пресрет на прилепчани во организацијата на реванш дуелот од квалификациите за младинската Лига на Шампиони против тимот на Колерајл од Северна Ирска, кој се одигра токму на комплексот Петар Милошевски во Скопје.

 

Благодарност до ФФМ
ФК Победа АД изразува јавна благодарност за сета подршка и логистика што нашиот клуб ја имаше од органите и телата на ФФМ, Претседателот Сејдини, Генералниот секретар Поповски и сите инволвирани поединци од кои ја имавме несебичната помош во успешната организација и реализација на сите активности со цел успешна органзација на двомечот од Младинската лига на шампиони со Колерајн.
Господа, наша беше честа што ја имавме можноста да соработуваме со професионалци кои имаат долгогодишно искуство во организација на сите натпревари на националните селекции.
Ви благодариме за Вашата помош на ФК Победа со цел достојна презентација на нашиот клуб, градот Прилеп, македонскиот фудбал и нашата Македонија на меѓународна сцена и пред органите и телата на УЕФА.
ПретходноМеси паузира поради повреда на листот
СледноИбрахимовиќ сепак размислува за пензија