Раководството на Њукасл подготвува сериозна понуда за напаѓачот на Барселона, Мемфис Депај. „Страчките“ сакаат да го привлечат Холанѓанецот во јануарскиот преоден рок.
Манчестер Јунајтед се обиде да го врати Депај ова лето, но Каталонците одбија ниска понуда од 8 милиони фунти.
Барселона е подготвена да се раздели со Депај за сума од околу 20 милиони евра, пренесуваат медиумите во Шпанија.