Бутел добар против Прилеп

73

Малку потешко од очекувањата, барем во дел од натпреварот, тимот на Бутел успеа да слави на домашен терен против тимот на Прилеп со конечни 31:25. Иако гостите на полувреме дури и водеа со 14:15, сепак, на крајот домаќинот ја покажа својата повисока класа и успеа да слави на реално мечот каде што мораше да го направи тоа.

Клучниот момент за домашните беше серијата некаде на половина од вториот дел од 5:1, по што беше јасно во кој праве оди натпреварот.

Бутел со новите бодови привремено е втор со 15 бодови, но и со меч повеќе во однос на Алкалоид. Прилеп останува на досегашните 4 освоени бодови и на 6. место.

ПретходноВидеолотарија касинос Астрија го поддржа турнирот во мал фудбал на Спортско радио
СледноДе Брујне доби на подарок дрес од Јунајтед… смеам да го запалам? (ВИДЕО)