Во 39-тата година, со многу повреди кои му се случија во последно време, одлучи дека е готово, дека е крај. Имено Франк Рибери означи крај на својата фудбалска кариера. Ова го јавуваат медиумите во Италија со оглед на тоа дека Рибери сеуште е член на Салернитана. Французинот има договор со овој клуб до јуни, но сепак одлучи дека сега е моментот за фудбалска пензија.
Рибери беше еден од великаните на фудбалот во изминатите две децении. Со Баерн Минхен ги освои сите можни титули, за селекцијата на Франција одигра 18 меча а постигна 16 голови.
Засекогаш ќе се памети неговото лице кое беше со лузни. Рибери не криеше дека како дете бил тажен поради тоа, поради коментарите кои морал да ги слуша за тоа како изгледа. Сепак тој ги пребродил сите проблеми и стана еден од најдобрите фудбалери во светот во негово време.