Еве зошто е платен 900.000 евра неделно: Бројките на Халанд подобри од оние на Меси, Роналдо, Мбапе до 22 години!

757

Монструм“, “Робот“, “Терминатор“, “Предатор“, се само дел од епитетите кои во последно време му се “лепат“ на Ерлинг Халанд, чудесниот Норвежанец во дресот на Манчестер Сити.

И дефинитивно Халанд во моментов бр.1 на фудбалската мапа во светот. Сите се воодушевени од тоа како тој од шега ги тресе противничките мрежи, нема милост за никого.

Медиумите во Англија вчера објавија дека тој месечно, заедно со бонусите зема плата од 900.000 евра неделно. Бројки кои се научна фантастика и за еден Роналдо, Меси. Веројатно само Мбапе со новиот договор зема повеќе.

Но исто така излегоа со анализи и бројки за тоа кој е најдобриот од нив четворица до 22 години, односно какви се бројките за овие фудбалери до кога тие имале 22 години.

Па еве што кажуваат тие:

ХАЛАНД: 154 голови на 194 натпревари (0.8 во просек)

МБАПЕ: 131 голови на 202 натпревари (0.65 во просек)

МЕСИ: 80 голови на 162 натпревари (0.5 во просек)

РОНАЛДО: 53 голови на 214 натпревари (0.25 во просек)

ПретходноМладиот напаѓач на Реал гневен, го нема во албумот на Панини за СП во Катар!
СледноЛео Меси: Не сакам да бидам тренер, но истото го кажа и Зидан!