Идниот викенд почнуваат одбојкарските првенства во машка и женска конкуренција

155

Идниот викенд се отвора и новата сезона на домашната одбојкарска сцена. Одбојкарската федерација на Македонија денеска потврди дека новите сениорски првенства во машка и во женска конкуренција стартуваат на 15 октомври.

Во Првата лига за мажи оваа сезона има 11 пријавени екипи, додека кај дамите Првата лига ќе брои 8 екипи, но затоа и оваа сезона ќе има второлигашка конкуренција каде се пријавени 10 екипи кои ќе се борат за влез во елитата.

Во премиерното коло во машката Прва лига, шампионот Струмица Никоб кој останува прв фаворит за титулата и оваа сезона, ќе биде слободен. Двојките за премиерното коло се следните:

Борец – Македонија Џио

Сушево – Весна Пробиштип

Шкендија – Либеро

Петровец – Штип УДГ

Универзитет во Тетово – Лирија

Во женска конкуренција во првото коло шампионот Работнички почнува со гостување кај екипата на Струмица. Во останатите дуели се среќаваат:

Вардар Ж. – Јанта Волеј

Наковски Волеј – Вардар ЕМ

Фит Фан Волеј – Македонија Макс

Струмица – Работнички

ПретходноТ. Пролет лесно против Скопје до нова победа сезонава
СледноРадовиш ги „испоти“ младите Пелистерци, но немаше сили за изненадување