Македонски судии ќе ја делат правдата на футсал мечот меѓу Грузија и Белгија!

572

За првпат во историјата, македонска судиска тројка ќе суди на еден квалификациски футсал меч за пласман на СП. Тоа се Јосип Бартон, Марјан Младеновски и Доне Ристовски.

Овие наши судии ќе ја делат правдата утре на натпреварот од 2.група кој ќе се одигра во Тбилиси и тоа меѓу домашната селекција на Грузија и Белгија. Во оваа група се наоѓа и селекцијата на Австрија.

Не се сомневаме дека Бартон, Младеновски и Ристовски добро ќе си ја одработат својата работа во „Тбилиси Арената“ во Тбилиси утре од 19 часот кога започнува натпреварот.

ПретходноОктај Дерелиоглу: Гостивар против Беласица посакува освојување на нови три бода!
СледноГотово е: Рибери означи крај на фудбалската кариера!